Top Sport

Барса победи во „пеколот“ во Истанбул, победата на Звезда не беше доволна

Барселона останува прв фаворит за титулата во Лига Европа, откако одговори на предизвикот и триумфираше со 2:1 на гостувањето кај Галатасарај за пласман во четврт-финалето. Таму ќе биде и шкотски Ренџерс, откако во Белград загуби со 2:1 од Црвена звезда по убедливата 3:0 победа дома, како и Аталанта, која одигра 0:0 кај Баер Леверкузен, но и Брага, која одигра 1:1 кај Монако.

Тимот на Чави Ернандез знаеше дека е пред голем тест по 0:0 на „Ноу Камп“ во првиот меч, и изгледаше дека Галата ќе направи сензација кога Марсао ги донесе „лавовите“ во водство во 27. минута од мечот. Сепак, Барса врати преку Педри во 37. минута, пред Пјер-Емерик Обамејанг да го продолжи голгетерскиот старт во дресот на Каталонците во 50. минута за импресивна победа. Габонецот има 7 гола во 7 меча по трансферот од Арсенал во јануари

ЛИГА ЕВРОПА, 1/8 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ

Баер Леверкузен – Аталанта 0:0, прв меч 2:3, вкупно 2:3

Црвена звезда – Ренџерс 2:1, прв меч 0:3, вкупно 2:4

Галатасарај – Барселона 1:2, прв меч 0:0, вкупно 1:2

Монако – Брага 1:1, прв меч 0:2, вкупно 1:3

Scroll to Top