Агентот на новата тинејџерска бразилска фудбалска ѕвезда, Витор Роке потврди дека Атлетико Паранаенсе добиле повеќе понуди за напаѓачот, откако „Глобо Еспорте“ објави дека Барселона дале понуда од 25 милиони евра, сума која не е доволна за бразилскиот клуб.
Роке е последниот од низата талентирани фудбалери кои произлегоа од бразилската лига. 17-годишниот Роке е напаѓач, кој исто така може да игра и како крило, а за него беа заинтересирани и Арсенал.
„Тој успеа да покаже дека има физичка, ментална и техничка подготовка да игра за голем клуб во Европа. Големите ‘деветки’ во Европа веќе се стари како Бензема, Кавани, Левандовски, така што секогаш има простор за играчи како него“, тврди неговиот агнт, Андре Кури.