Top Sport

Љубов! Кристијано со порака за својата сакана

Кристијано Роналдо уште еднаш ја искажа љубовта кон неговата девојка Георгина Родригез со фотографија и порака за Денот на вљубените, Св.Валентин.

„Среќен Валентин, моја љубов. Многу сум среќен што те имам во мојот живот“, напиша Роналдо на Твитер и Инстаграм со фотографија со својата долгогодишна партнерка.

Роналдо и Георгина добија дозвола од саудиските власти да живеат заедно и покрај тоа што според саудиските закони тоа не е дозволено за двојки кои не се во брак. Роналдо, конечно, влезе во форма за Ал-Наср, постигнувајќи четири гола против Ал-Вехда и сега веќе в петок ќе игра во нов меч, овојпат против Ал-Тавун.

Scroll to Top