Top Sport

Џошуа и Руиз ќе добијат „мрсни“ хонорари

Ентони Џошуа и Енди Руиз в сабота во Саудиска Арабија ќе се борат за титулата во тешка категорија, во четири верзии. Двајцата за овој меч ќе добијат „дебели“ хонорари. Парите ќе си ги добијат независно од тоа како ќе заврши мечот.

Руиз е светски шампион, токму тој му ги зеде шампионските појаси на Џошуа, меѓутоа Џошуа е поголема ѕвезда поради што неговиот хонорар е многу поголем.

Победил или изгубил Џошуа ќе заработи 66 милиони фунти, што е за четири пати поголема сума од она што го добил за првиот меч со Руиз.

Од друга страна Енди Руиз од овој меч ќе заработи 10 милиони фунти, што е двојно поголема сума од она што го добил за минатиот меч.

Scroll to Top