Top Sport

Барса пред елиминација од ЛШ, сите од Г-групата имаат шанси за влез во нокаут фазата

Вечерва ќе бидат познати сите учесници во осмина-финалето, во Лигата на шампионите. Досега 12 екипи изборија место во нокаут-фазата, за преостанатите четири места се борат по два тима во групите Е и Ф и четирите тима во групата Г.

Дербито ќе се одигра во Минхен. Баерн ќе ја пречека Барселона. Победа во Минех ја носи Барса во нокаут фазата, без оглед на резултатот во Лисабон, каде Бенфика ќе го пречека Динамо Киев.

Барселона се бори и 19 сезона по ред да биде дел од 16 најдобри во Лигата на шампионите.

Група Е, Табела: Баерн 15, Барселона 7, Бенфика 5, Динамо 1

Ф групата ја освои Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ ќе го пречекаат Јанг Бојс во последната рунда. Швајцарците имаат минорни шанси да се пласираат во Лига Европа Треба да победат во Манчестер и во исто време Аталанта да загуби од Виљареал.

Аталанта треба да го победи Виљареал за да избори место во осмина-финалето.

Група Ф, Табела: Ман. јунајтед 10, Виљареал 7, Аталанта 6, Јанг Бојс 4

Најголема неизвесност до крајот ќе има во Г-групата. Сите тимови имаат шанси да се пласираат на првите две позиции. Вечерва Салцбург ќе ја пречека Севилја, а Лил ќе гостува во Волфсбург.

Доколку Волфсбург го победи Лил, тогаш ќе го скокне на табелата поради подобриот меѓусебен скор. Нерешен резултат или пораз за Волфсбург ќе значи крај на европскиот пат. Германците се полоши од Севилја во меѓусебниот скор.

Салцбург со победа над Севилја одат во осмина-финалето, доволен ќе му биде и еден бод, но само доколку Волфсбург не го победи Лил. Во случај Волфсбург да победи, а Салцбург и Севилја одиграат нерешено, тогаш ќе се формира круг од три тима со по осум бода. Тогаш во осмина-финалето ќе одат Салцбург и Волфсбург, а Лил ќе се пресели во Лига Европа.

Севилја со победа во Австрија ќе се пласира меѓу најдобрите 16 тимови во ЛШ.

Група Г: Лил 8, Салцбург 7, Севилја 6, Волфсбург 5

Во Х-групата познато е дека Челси и Јувентус се осмина-финалисти, а Зенит ќе игра во Лига Европа. Не е познато само кој ќе биде прв во групата. Челси мора да го победи Зенит за да си ја обезбеди пол-позицијата. Актуелните шампиони ќе имата тешка задача. Претпаднево температурата во Санкт Петербург се движи помеѓу -12 и -15 степени.

Група Х, Табела: Челси 12, Јувентус 12, Зенит 4, Малме 1.

Scroll to Top