Top Sport

Ван Бисака и Шо ќе имаат проблем со тренерската филозофија на Рангник

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунјатед, Рио Фердинанд, тврди дека играта на „црвените ѓаволи“ ќе доживее радикални промени под Ралф Рангник. Според Ферднанд недопирливите Лук Шо и Арон ван Бисака, ќе треба жестокот да се борат за своите места во стартниот тим.

Германецот, Рангник, дебитираше во неделата против Кристал Палас. Јунајтед минимално победија со голот на Фред.

Филозофијата на Рнгник е со висок и силен пресинг да ги крши противниците. Клучни улоги во таквата филозофија имаат бековите, кои треба да бидат офанзивни, брз и сигурни со топката во нозете.

„Морам да бидам искрен, Ван Бисака ќе има пеколна задача да се врсти во тимот. Истото важи и за Шо. Тешка задача е пред двајцата. Овој менаџер сака кога бековите се добри со топката. Тој инсистира на поседот, а тоа е најголемиот проблем на Ван Бисака. Ќе води голема борба за да се врати во првиот тим“, рекол Фердинанд.

Рангник против Кристал Палас, на бековските позиции играше со Алекс Телес и Диого Далот.

Scroll to Top