Top Sport

„Барса премногу зависи од Меси“

Тренерот на Барселона, Ернесте Валверде, признал дека неговиот тим премногу зависи од Лионел Меси.

Барселона, синоќа, во драматичен меч успеа да извлече 4:4 кај Вилјареал. Меси, со оглед на густиот распоред, мечот го започна од клупата. Меѓутоа откако Вилјареал успеа од 0:2 да стигне до 3:2, Валверде го испрати на теренот својот најдобар играч.

„Секао дека Барселона зависи од Меси. Тој е најдобриот играч во светот. Меѓутоа ние мора да бидеме свесни дека и без него треба да играме исто, да бидеме на високо ниво“, рекол Валверде.

По ремито, а во пресрет на дербито со Атлетико, Барселона има осум бода повеќе од „јорганџиите“.

Scroll to Top