Барселона речиси цел меч губеше од Линарес, клуб кој се бори за опстанок во третата шпанска лига, пред да стигне до 1:2 победа и да се пласира во осминафиналето на Кралскиот куп во Шпанија.
Хуго Дијаз го донесе клубот од Андалузија во шокантно водство во 19. минута, за потоа на тимот на Чави Ернандез да му биде потребен „отпадникот“ Усман Дембеле, кој влезе во второто полувреме за да израмни во 63. минута од мечот. Само шест минути подоцна младиот Феран Жутгла, фудбалер кој неодамна беше прекомандуван од Б-тимот на Барса во првиот тим, ја обезбеди победата над Линарес.
И другите прволигаши во улога на фаворити имаа тесни победи за пласман во осминафиналето – Валенсија со 2:1 ја победи Картахена, Мајорка со 2:1 славеше над Еибар, додека Реал Сосиедад со 3:2 го победи Леганес.
КОПА ДЕЛ РЕЈ, 1/16 ФИНАЛЕ
Картахена – Валенсија 1:2
Еибар – Мајорка 1:2
Леганес – Реал Сосиедад 2:3
Линарес – Барселона 1:2