Лошото лето за Барселона продолжило во вторникот, кога Пјер-Емерик Обамејангп потпиша нов тригодишен договор со Арсенал, иако Каталонците во последен момент се обиделе да го донесат Габонецот на „Ноу Камп“, тврди „Скај спортс“.
Новиот тренер на Барса, Роналд Куман се обидува да најде напаѓач за својот тим, по шпекулациите околу иднината на Луис Суарез, откако беа поврзувани и со холандскиот напаѓач на Лион, Мемфис Депај.
31-годишниот Обамејанг беше убеден од управата на „топчиите“ да остане уште три сезони во тимот со неделна плата од 250.000 фунти, откако лани постигна 22 гола во Премиер лигата.