Top Sport

Барса се пофали со Кристенсен и Кеси, но тие (засега) не смеат да играат во првиот тим!

Летната „обнова“ во Барселона почна вчера, кога клубот го потврди доаѓањето на Франк Кеси и Андреас Кристенсен како слободни фудбалери од Милан, односно Челси, но двајцата уште не можат да бидат регистрирани поради финансиските проблеми на каталонскиот гигант.

25-годишниот Кеси и 26-годишниот Кристенсен потпишаа четиригодишни договори со Барселона, како клучни засилувања за тимот на Чави Ернандез, но уште не можат да настапуваат за првиот тим, бидејќи Барселона е над „селери-капот“ на Ла лига. Според шпанските медиуми, се чека да се комплетира трансферот на Френки де Јонг во Манчестер јунајтед за да се ослободат средства за клубот. 25-годишниот Холанѓанец, наводно уште не се согласил на трансферот, иако двата клуба веќе се договориле.

Бидејќи влегува во четвртата година од договорот со Барселона, на Де Јонг му следува и повисока плата во новата сезона, една од главните причини за неговото заминување, откако и самиот призна дека би сакал да остане во Каталонија.

Scroll to Top