Top Sport

Шкупи со рутинска победа над Линколн на стартот на квалификациите за ЛШ

Македонскиот шампион, Шкупи стигна до рутинска 3:0 победа над аутсајдерот Линколн од Гибралтар во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.

Мамаду Данфа го отвори резултатот на „Тоше Проески“ уште во 11. минута, пред Сандеј Адетунџи во 29. минута да го удвои водството на тимот на Гоце Седлоски.  И покрај тоа што Шкупи остана со играч помалку по вториот жолт картон на Гаги Маргвелашвили во 54. минута од мечот, во 62. минута, го зголемија водството по автоголот на Рој Чиполина.

Следен противник на Шкупи по двобојот со Линколн, треба да биде хрватскиот гигант и редовен учесник на европските натпреварувања, Динамо Загреб.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, КВАЛИФИКАЦИИ

ШКУПИ (МКД) – Линколн (Гиб) 3:0

Пјуник (Ерм) – ЦФР Клуж (Ром) 0:0

Малме (Шве) – Викингур Рејкјавик (Исл) 3:2

Лудогорец (Буг) – Сутјеска (ЦГо) 2:0

Балкани (Кос) – Жалгирис (Лит) 1:1

Лех Познањ (Пол) – Карабаг (Азе) 1:0

ТНС (Вел) – Линфилд (СИр) 1:0

Шамрок роверс (Ирс) – Хибернијанс Паола (Мал) 3:0

Scroll to Top