Top Sport

Барса со „петарда“ за Алавес, Меси и Тринкао во главните улоги

Барселона со високи 5-1 славеше против тимот на Алавес во рамки на 23 коло од шпанската Ла Лига.

Избраниците на Роналд Куман комплетно го надиграа противникот во сите сегменти на играта, па клубот од Мадрид може да е среќен што не го заврши мечот со уште некој гол во мрежата.

Тринкао во 29 минута го отвори резултатот, а 7 минути подоцна и Меси ја затресе противничката мрежа. Сепак неговиот погодок беше поништен поради офсајд позиција.

Сепак во последните мигови од првиот дел Аргентинецот на асистенција на Бускетц стрела прецизно и регуларно за 2-0 на полувреме.

Во вториот дел гостите се заканија. Риоха во 57 минута намали на 2-1.

Тогаш тимот од Каталонија уфрли во поголема брзина, па повторно Тринкао со неговиот втор гол во 74 минута носи предност од 3-1.

И Меси по вторпат се запиша во листата на стрелците, во 75 минута.

Точка на мечот стави Фирпо во 80 минута за конечни 5-1.

По оваа победа Барселона изби на втората позиција на табелата со 46 поени. Исто толку има и Реал Мадрид, но „кралевите“ својот меч од ова коло ќе го одиграат утре, на свој терен против Валенсија.

Алавес останува 16-ти, со бод повеќе од тимовите што се на позиција за преселба во Сегунда.

Scroll to Top