Top Sport

Отрезнувачки пораз за Милан кај Специја, „росонерите“ не се ни заканија

Тежок, неочекуван и сосема заслужен пораз на лидерот во Серија А – Милан од Специја со 2-0. Тежок пред се поради односот на силите на теренот.

Иако Милан беше со речиси сите расположливи сили на теренот ниту еднаш вистински не се закани кон голот на противникот кој сезонава се бори за опстанок.

Дека нешто не штима во редовите на Милан се виде уште во првото полувреме. Избраниците на Пиоли ниту еднаш не погодија во рамките на голот наспроти неколкуте закани на Специја.

Чалханоглу невидлив на средината на теренот, Ибрахимовиќ и Тео Ернандез непрепознатливи, па капитенот на домашната екипа знаеше како тоа да го казни.

Се играше 56 минута кога Маџори по една несреќна реакција на Ромањоли погоди во празната мрежа.

Лошата партија на „Росонерите“ ја запечати Бастони во 67 минута. Со силен и прецизен удар од левата страна биеше неодбранливо покрај стативата за конечни 2-0.

За Специја овие 3 бода се одлепување од зоната за испаѓање, додека за Милан чекор назад во трката пред се со Интер за титулата во Серија А.

Scroll to Top