Top Sport

Мејведер вети, но сепак нема да има „крв, пот и солзи“

Најавениот спектакл за новогодишната ноќ, борбата помеѓу пензионираниот боксер Флојд Мејведер и јапонскиот кик-боксер Теншин Насукава, нема да се одржи. Мејвејдер на социјалните мрежи објаснил зошто ја откажал борбата.

Поранешниот светски првак во бокс, во пет различни категории, Флојд Мејведер, во рингот требаше да се врати на 31.декември. Речиси беше договорена неговата борба во Токио, со кик-боксерот Теншин Насукава. Не беше јасно само според кои правила ќесе борат, но откако Мејведер ја откажа борбата, тоа веќе не е повеќе важно.

„Откако по долгиот и разочарувачки пат се вратив во Америка, имам време да им се обратам на моите навивачи и на медиумите, во врска со неодамнешните случувања. Најпрвин ќе кажам јасно и гласно – Флојд Мејвејдер никогаш официјално не прифатил борба со Теншин Насукава. Со должна почит јас никогаш не сум слушнал за него додека не го запознав во Јапонија. Имав понуда да учествувам во девет минутна егзибиција, односно да се борам три рунди со противник што ќе биде избран од страна на Ризен федерацијата за боречки спортови. Брен Џонсон ме извести дека борбата ќе биде приредена за мал број на гледачи што имаат „длабок џеб“ и дека нема да биде пренесувана на телевизија никаде во светот“, напишал Мејведер.

„Кога се појавив на прес-конференцијата, јас и мојот тим бевме изненадени од развојот на настаните и моравме веднаш да ставиме крај на тоа. Скам искрено да им се извинам на моите навивачи поради погрешните информации што ги добија од таа прес-конференција. Ве уверувам дека не бев запознаен со целата ситуација и дека дадов согласност за борбата што беше најавена“, дополнил Мејвејдер и заклучил.

„Јас сум пензионер и заработувам многу пари кога ќе се појавам во јавноста, односно од гостувањата и договорените егзибиции“.

Мејвејдер ќе се бори против кик-боксерот Насукава

Мејведер ќе ќари околу 88 милиони евра од првата борба во ММА

Scroll to Top