Според шпанскиот весник „Ел конфиденсијал“, Барселона побарале под повеќе големи банки да се репрограмира нивниот долг за да се избегне банкротирање на клубот
Барса побарала од банките „Голдман Сакс“, „Алијанц“, „Барингс“, „Амунди“ и „Пруденшл“ дозвола да не се исплатат околу 200 милиони евра од нивниот долг, бидејќи имаат негативен капитал од 600 милиони евра, плус дополнителни 100 милиони евра кај други доверители.
Ова доаѓа во ситуација кога изборите за нов претседател на клубот се одложени поради КОВИД-19, и откако пред сезоната 2019/20 беше најавено дека „Блауграна“ ќе стане првиот клуб кој заработил милијарда евра во една година, план уништен од пандемијата. „Марка“ тврди дека долгот на клубот се зголемил од 216 милиони евра на 487 милиони евра за една година (од јуни 2019 до јуни 2020).
Барса ги продаде Нелсон Семедо, Артур, Иван Ракитиќ и Марк Кукурелја во обид да ги намали трошоците за плати, но преодниот претседател Карлос Тускетс за каталонските медиуми призна дека не е исплатена платата за јануари, која обично се исплаќала предвреме. Тој исто така откри дека платите на фудбалерите се 70 отсто од целосниот буџет на клубот.