Top Sport

Барса во финалето на шпанскиот Суперкуп по пенал-драмата со Сосиедад

Барселона се пласираше во финалето на шпанскиот Суперкуп, кој невообичаено се оддржува во фајнал фор формат, откако на пенали со 3:2 го совлада Реал Сосиедад во Кордоба, откако по 120 минути мечот заврши 1:1.

Во финалето, каталонскиот гигант ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Реал Мадрид и Атлетик Билбао, кој на програмата е утре.

Барселона прва дојде во водство откако Антоан Гризман во 39. минута одлично го пронајде Френки де Јонг, но Сосиедад израмнија на почетокот на второто полувреме од пенал преку Микел Ојарзабал по игра со рака на Де Јонг.

Во продолженијата, Сосиедад имаа поубави шанси, а еднаш ја погодија и пречката, пред на пенали, Марк Тер Штеген да одбрани два пенали на стартот, што беше клучно за победата.

Scroll to Top