Top Sport

Лејкерси првпат со 7-0 старт на гости, Дончиќ со нов блесок за Далас

Леброн Џејмс постигна 26 поени, за Лос Анџелес лејкерс да не дозволат Оклахома Сити тандер да се вратат во игра и да стигнат до 128:99 победа за рекордна седма последователна гостинска победа на стартот на една НБА сезона.

Монтрецл Харел додаде 21 поен, Ентони Дејвис заврши со 18 поени и 7 скока, за Лејкерс да го направат најдобриот скор во лигата со 10-3 и да го подобрат сопствениот рекорд од сезоната 1985/86 со седум победи на гости во низа.

Во Шарлот пак, Лука Дончиќ, повторно имаше маестрална партија со 34 поени, 13 скока, 9 асистенции и дури 4 блокади, Криштапс Поризингис додаде 16 поени во камбекот за Далас со 104:93 да ги совладаат Хорнетс.

Тим Хардавеј Јуниор додаде 18 поени за да помогнат Рик Карлајл да стане 16-тиот тренер во историјата со 800 победи во лигата. За Маверикс ова е четврта победа во низа откако ја отворија сезоната со 2-4.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Далас 93:104

Детроит – Милвоки 101:110

Њујорк – Бруклин 109:116

Минесота – Мемфис 107:118

Оклахома – ЛА Лејкерс 99:128

ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 111:106

Сакраменто – Портланд 126:132

Scroll to Top