Барселона не се откажуваат од амбицијата да го добијат плејмејкерот на Манчестер сити, Бернардо Силва, ветувајќи му клучна улога во тимот следната сезона, и би биле подготвени да го дадат Нелсон Семедо плус пари на „граѓаните“, јавува британскиот „Телеграф“.
И покрај тоа што минатата сезона беше прогласен за најдобар фудбалер во клубот, значењето на Силва во тимот на Пеп Гвардиола се намали оваа сезона, откако Фил Фоден добиваше повеќе шанси и Португалецот имаше само 23 настапи во Премиер лигата.
25-годишниот Силва дојде на „Етихад“ пред три сезони од Монако за 43.5 милиони фунти, а бидејќи во Барселона ја чувствуваат економската кризата поради корона вирусот тие би преферирале трампа, слична каква што направија со Јувентус, каде што го пратија Артур Мело, а го добија Миралем Пјаниќ.