Фудбалерот на Вардар, Тигран Барсегјан со голот на 15 минути пред крајот ја „спаси“ Ерменија во Ереван против Лихтенштајн, носејќи 2:1 победа во првиот меч од групата 4 на Лигата на нации Д, група во која е и нашата репрезентација.
Натурализираниот Бразилец Марко Пицели донесе водство за Ерменија во 31. минута, но Лихтенштајн успеа да израмни само две минути подоцна преку Сандро Волфингер. Ерменците имаа шанса и порано да го „решат“ мечот, но во 69. минута, ѕвездата на Арсенал, Хенрик Мхитарјан утна обид од белата точка.
Подоцна, Лихтенштајн остана со играч помалку, кога Микеле Полверино доби втор жолт картон во 74. минута, две минути пред Барсегјан да го постигне голот. Ова е втор гол за Барсегјан во националниот дрес во 15 настапи.
Македонија го отвара настапот на Лигата на нации против Гибралтар од 20.45 часот.