Барселона тврди дека Атлетико Мадрид нема никакви докази во случајот со трансферот на Антоан Гризман и затоа не гледаат никаков проблем во 120-те милиони евра кои ги платија за Французинот.
Барселона ја плати откупната клаузула по 1 јули, но Атлетико тврди дека преговорите со Гризман започнале уште во март и дека затоа треба да плати 200 милиони евра. Претседателот Жосеп Марија Бартомеу е сигурен дека нема основ за ова барање.
„Зборував со нив, но не верувам дека имаат докази, бидејќи тие не постојат. Сфаќам дека секој ги штити своите интереси, а веќе зборував со претседателот Енрике Серезо и не гледам како тој случај ќе заврши позитивно за нив. Нема ништо. Ние контактиравме со Гризман кога го направи видеото со кое се збогуваше со фановите, а во март немаше ништо“, вели Бартомеу.