Top Sport

Барселона: Де Лихт не вреди 75 милиони евра

Најтиражниот спортски медиум во Каталонија „Спорт“, објави разговор со неименуван тренер на Барселона, во кој тренерот објаснува зошто во клубот решиле да им го препуштат Матијас Де Лихт на Јувентус.

Барселона имале намера заедно со Френки Де Јонг, во пакет да пристигне и неговиот голем пријател Де Лихт. Тренерот открива дека две години го следеле Де Јонг и дека тој апсолутно заслужил да биде платен 75 милиони евра.

Ајакс истата сума ја побарале и за Де Лихт, поради што во Барселона се откажале од трансферот.

„Де Лихт ни се допаѓаше, него исто така го следевме, тоа не е тајна. Но ние сме уверени дека неговата цена треба да биде помала од цената на Де Јонг. Поради позицијата на која игра и поради неговиот потенцијал“.

Епилогот од овој трансфер е познат, 19 годишниот Де Лихт кариерата ја продолжува во Јувентус.

Scroll to Top