Top Sport

Келн домаќин на завршниот турнир во 2020

Последните неколку години Келн е домаќин на завршниот турни во ракометната Лига на шампиони, а наредната година жителите на овој германски град ќе имаат единствена можност покрај во ракометот да уживаат и во кошарката.

Келн е одреден да биде домаќин на завршниот турнир во Евролигата, кој ќе се одржи од 22 до 24 мај 2020 година., во „Ланксес“ арената.

„Горди сме што наредниот завршен турнир ќе се игра во Келн. По Прага во 2006, Париз во 2010 и Лондон 2013 година повторно одбравме локација на која досега не сме биле“, рекол првиот човек на Евролигата, Џорди Бартомеу.

Завршниот турнир во Евролигата трет пат ќе се игра во Германија, претходно два пати во 2009 и 2016 домаќин бил Берлин.

Scroll to Top