Top Sport

Барселона е блиску до потписот на Кунде

Каталонскиот гигант Барселона направи нов потег во преговорите за ангажман на Жул Кунде. Одбранбениот фудбалер на Севилја е трансферна цел на Челси, а раководството на Барса сега понуди 65 милиони евра за потписот на францускиот интернационалец.

Според шпанските медиуми, Севилја се согласила да го продаде Кунде за оваа сума, но потврдата треба да пристигне во текот на денот.

Челси сигурно нема така лесно да се откаже од трката, со оглед дека и на Томас Тухел очајно му е потребен уште еден квалитетен дефанзивец во тимот.

Scroll to Top