Top Sport

Барселона ги продава Ансу Фати и Феран Торес за да го врати Меси

Мисијата за враќање на аргентинската ѕвезда Лионел Меси е проектот со кој е преокупирано раководството на каталонскиот гигант Барселона. Фановите бараат клубот да го врати нивниот миленик на „Камп Ноу“, а за тоа се потребни сериозни финансиски стредства. Очигледно е дека Барса ќе мора да продава дел од фудбалерите.

Во прв ред се Феран Торес и Ансу Фати, кои сезонава беа на клупата, дури и кога е повреден Осман Дембеле. Барселона е подготвена да слушне понуди од најмалку 40 милиони евра за двајцата, но и тоа не е сѐ.

Каталонците сакаат да го принудат и Жорди Алба да си замине, бидејќи ќе влезе во последната сезона од договорот, 2023/24. Тој има убедливо најголема плата во тимот.

Засега, доколку сака да остане, Алба ќе мора да потпише нов договор, можеби дури и до 2025 година, но со огромно намалување на платата.

Тренерот Чави веќе има подготвена и формација со враќањето на Лионел Меси. Тој фантазира за стартните 11 во „дијамантска“ формација 4-4-2. Во тој случај Де Јонг би бил последен играч за врска, Педри и Гави централни, а Меси пред нив. Во нападот би играле Осман Дембеле и Роберт Левандовски.

Scroll to Top