ФК Барселона реши да ги прекине сите односи со големиот ривал Реал Мадрид поради фактот што кралскиот клуб најави дека ќе делува против каталонскиот тим во аферата во која се најде Барселона околу исплата на пари на поранешниот прв човек на судиска комисија во Шпанија.
Пред Ел Класико кое ќе се одигра следниот викенд, каталонскиот клуб направи голем чекор во заладувањето на односите. Одлучено е да се откаже заедничкиот ручек меѓу двајцата претседатели.
„Традиционалниот ручек меѓу двајцата претседатели е откажан. Барселона одлучи да го направи тоа“, пренесува каталонското радио и додава:
„Односот меѓу двата клуба повеќе не е ист откако Реал реши да дејствува против Барселона во случајот со Негреиро“.
Ова е сосема очекуван потег на Барселона. На „Камп Ноу“ се сигурни дека Реал е активно вклучен во се што се случува во засилената кампања против нив.