Top Sport

Барселона го доби првото женско „Ел Класико“ со 9:1 (видео)

Шпанската фудбалска јавност имаше шанса да ја види првата верзија на „женското Ел класико“ Барселона-Реал Мадрид и работите не поминаа најдобро за „кралиците“.

Реал во јуни објави дека се согласиле да го преземат новиот прволигаш Депортиво Тасон и да го конвертираат во женски тим за сезоната 2020/21. Во саботата, Барселона Фемини покажа супериорност во дуелот со Тасон, победувајќи со 9:1 во првото коло на шпаската лига, предводени од хет-трикот на Џенифер Ермосо.

Тасон оваа сезона го користи тренинг-центарот на Реал Мадрид, пред следната година и официјално да го носи името. Реал беа еден од ретките врвни европски клубови кои досега немаа женски тим.

Scroll to Top