Top Sport

Прва премиерлигашка жртва – Кике Санчез се врати да го „спасува“ Ватфорд

Ватфорд потврдија дека Кике Санчез Флорес е нивниот нов тренер, само половина час откако го отпуштија Хави Грасија по лошиот старт на Премиер лигата, откако во четири меча освоија само еден поен.

Грасија откако лани ги предводеше Ватфорд до респектабилиното 11. место во Премиер лигата, имаше ужасен старт на сезоната, со единствен поен освоен со 1:1 ремито со Њукасл по поразите од Брајтон, Евертон и Вест хем, по што се на последното место на табелата. Грасија е првиот тренер од Премиер лигата кој добива отказ оваа сезона.

„Хави го претставуваше Ватфорд со големо достоинство и секогаш ќе го има нашиот респект поради тоа. Му посакуваме успех во иднина и секогаш е добредојден на ’Викариџ роуд’“, изјави претседателот на клубот, Скот Даксбјури.

54-годишниот Кике Санчез се враќа во Ватфорд, откако во 2015/16, првата сезона во Премиер лигата по подолга пауза ги предводеше до средината на табелата. Тој ќе дебитира против Арсенал на 15 септември.

Scroll to Top