Top Sport

„Барселона го допре дното кога си замина Меси“

Дани Алвес, пред две недели се врати во Барселона. 38-годишниот фудбалер истакнал дека го прифатил повикот за да му помогне на клубот. Враќањето на Алвеш го одобри новиот тренер Чави. Овие двајца се дел од најславната екипа во историјата на Барселона.

„Веста дека Меси ќе замине од клубот како и сите навивачи на Барселона ја чекав со неизвесност. Кога гледаш дека најдобриот играч во историјата на клубот заминува, тогаш ти станува јасно дека клубот го допрел дното. Можеш да останеш без фудбалер каков што сум јас или без некои други, но во овој случај замина историјата на клубот. Поради тоа јас и Чеви решивме да се вратиме и да бидеме дел од историјата на Барселона“, рекол Алвеш.

Бразилецот за Барселона има одиграно 391 натпревар, во Европа играл уште и за Севилја, Јувентус и ПСЖ.

Scroll to Top