Top Sport

Грилиш: Бев на чекор до трансфер во Манчестер јунајтед

Џек Грилиш, фудбалерот на Манчестер сити, во интервју за „Дејли телеграф“, открил дека во летниот преоден рок во 2020 година бил на чекор до трансфер во Манчестер јунајтед.

„На крајот ништо не се случи, а бев блиску да заминам“, рекол Грилиш и дополнил.

„Беше сабота и игравме контролен натпревар со Јунајтед. Јас не требаше да играм за да можам да го играм куп натпреварот во Бартон. Но бидејќи ништо конкретно не се случи, по тој натпревар на извршниот директор на Астон Вила, Криситијан Перслоу, му кажав: „Ако сега не заминам, ќе потпишам нов договор со Вила“.

Грилиш два дена подоцна го продолжи договорот со Астон Вила.

„Два дена подоцна о моето куче влегов во клупските простории и го потпишав договорот, а подоцна играв за Астон Вила. Сите се согласивме околу клаузулата, доколку некој тим ја плати тоа значи дека сме победиле, дека јас сум имал одлична сезона, а Вила заработиле 100 милиони фунти“, заклучил Грилиш.

Минатото лето, Манчестер сити ја активираше клаузулата од договорот и Грилиш се пресели на „Етихад“.

Scroll to Top