Top Sport

Барселона го осуди однесувањето на навивачите кон тренерот Куман

По поразот од Реал (1:2), навивачи на Барселона го чекаа Роналд Куман и му кажаа што мислат за начинот на кој тој го води тимот. Лутите навивачи „нападнаа“ Аудито, во кој беше на 58-годишниот Холанѓанец со сопругата. На крајот Куман успеа да замине.

Куман нема победа против Реал, забележа порази во трите дуели со Реал, два од нив се на „Ноу Камп“.

Ден по непријатните сцени кои се случија пред „Ноу Камп“, фудбалскиот клуб Барселона го осуди однесувањето на навивачите.

„Барселона јавно го осудува насилното однесување на навивачите кон тренерот, додека тој го напушташе „Ноу Кам“. Клубот ќе преземе безбедносни и дисциплински мерки, со цел вакви инциденти да не се повторуваат во иднина“, се наведува во клупското соопштение.

Scroll to Top