Top Sport

Бразил ја поддржува иницијативата на ФИФА

Вршителот на должноста, претседател на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Едналдо Родригез, ја поддржал идејата на ФИФА светските првенства да се играат на две години.

„Навистина ми се допадна она што го слушнав на состанокот на ФИФА. Оваа идеја ќе и даде поголема вредност на Копа Америка и ќе генерира повеќе пари“, рекол Родригез.

Родригез, во текот на оваа недела, треба да одржи состанок со Алехандро Домингез, првиот човек на КОНМЕБОЛ, на која единствена тема ќе биде предлогот на ФИФА.

„Сакам ова добро да го анализирам. Пред да донесам одлука, сакам да го слушнам и мислењето на КОНМЕБОЛ“.

Јужноамериканската федерација (КОНМЕБОЛ), претходно излезе со став дека нема да ја поддржи иницијативата на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Scroll to Top