Каталонскиот гигант Барселона одеднаш се најде во непријатна ситуација и ќе остане без Осман Дембеле. Французинот реши да ја прифати понудата на ПСЖ и ќе потпише петгодишен договор со парижаните.
Тренерот Чави истакна дека е изненаден бидејќи полагал големи надежи во крилниот напаѓач за следната сезона. Сега треба да бара замена, а медиумите посочуваат дека Барселона ќе стори сѐ да го доведе Бернардо Силва од Манчестер Сити.
Поради финансиските проблеми на „Камп Ноу“, за претстојната сезона ќе мора да одат со понуда за позајмица со задолжителен откуп, бидејќи на Португалецот договорот со актуелниот освојувач на Лигата на шампионите му истекува во 2025 година.