Top Sport

Родриго и Мбапе заедно – фотографија што ги разгоре страстите кај „кралевите“

Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго, ги разгоре страстите кај навивачите на Реал Мадрид откако објави фотографија со Килијан Мбапе. Родриго одмора на Сардинија во последните денови кои ги даде Карло Анчелоти пред собирот за стартот на сезоната во Ла Лига. А таму е и Килијан Мбапе.

Французинот е во конфликт со раководството на Пари Сен Жермен и не тренира со тимот, а се посериозно се зборува за негов трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

Францускиот репрезентативец не беше вклучен во составот на ПСЖ за изминатата турнеја низ Азија и голема е веројатноста дека нема да се смета на него барем за стартот на сезоната. Тимот на Луис Енрике ја отвора својата сезона во Лига 1 за една недела против Лориен.

Scroll to Top