Како што се очекуваше, аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро по една деценија во Манчестер сити, потпиша договор со Барселона, каде што (најверојатно) ќе му биде партнер на својот сонародник и близок пријател, Лионел Меси.
Агуеро пристигнува во Каталонија од 1 јули и потпишува договор до крајот на сезоната 2022/23, и ќе има откупна клаузула од одлични за неговата возраст, 100 милиони.
Агуеро својата европска кариера ја стартуваше токму во Ла лига, каде што во 2006 година од Индепендиенте потпиша за Атлетико Мадрид со кои ја освои титулата од Лига Европа во 2010, пред да се пресели во Манчестер сити, каде што стана најдобриот стрелец во историјата на клубот со 260 поени, 74 асистенции и 15 трофеи (5 Премиер лига, 1 ФА куп, 6 Лига купови и 3 Комјунити шилд).
✍️ @aguerosergiokun
?❤️ #KunCuler— FC Barcelona (@FCBarcelona) May 31, 2021