Top Sport

Барселона го сака Де Хеа на „Камп Ноу“

Шпанскиот репрезентативец Давид де Хеа да пристигне на „Камп Ноу“. Тоа е најновата мисија на раководството на Барселона, откриваат шпанските медиуми.

Де Хеа има договор со Манчестер Јунајтед до 2023 година и е најплатен фудбалер во тимот, па „црвените ѓаволи“ би сакале да се ослободат од неговата висока плата. Јунајтед верува дека може да најде адекватна замена и е подготвен да ги слушне понудите за него ова лето.

Тренерот Чави побарал од раководството на клубот со сите сили да тргне по Де Хеа, но и тој ќе мора да се согласи на намалување на сегашната плата од „Олф Трафорд“ доколку сака да се пресели на „Камп Ноу“.

Scroll to Top