Шпанскиот гигант Барселона е заинтересиран за ангажман на хрватскиот интернационалец Борна Соса од Штутгарт. Тренерот Чави Ернандез сака да ја засили конкуренцијата на левата странична позиција, а една од опциите е токму Соса.
Хрватскиот лев бек веќе извесно време игра одлично за Штутгарт, има репутација на еден од најдобрите леви бекови во Бундеслигата, а во договорот има откупна клаузула од 25 милиони евра, која дури и финансиски ослабената Барселона би можела да ја плати без поголеми проблеми.
Барселона испратила скаути да го гледаат Соса во живо минатиот петок на натпреварот против Борусија Дортмунд. Штутгарт беше поразен со 2:0, но Соса очигледно одиграл доволно добро за каталонците да започнат преговори за трансфер.