Top Sport

Барселона го следи Павар

Фудбалерот на Баерн Бенжаман Павар е на мета на Барселона, пренесува каталонски „Спорт“.

Пред две недели германски „Билд“ објави дека дефанзивецот не е среќен во Минхен и дека би сакал да го смени клубот.
Францускиот репрезентативец пред четири години се пресели од Штутгарт во Баерн за 35.000.000 евра.

Павар неодамна изјави дека планира следната година да ја напушти Германија и да ја побара среќата во друга земја, иако неговиот договор со баварскиот клуб истекува дури во јули 2024 година.

Scroll to Top