Шпанските клубови Барселона и Атлетико Мадрид би можеле да направат интересна размена на лето. Во игра се Феран Торес и Јаник Фереира Караско.
Сигурни извори од Шпанија откриваат дека и Барса и Атлетико се заинтересирани за оваа размена, а единствен потенцијален проблем би можел да биде напаѓачот на каталонскиот клуб.
Неговиот сон е да успее во Барселона, иако досега не ги оправда очекувањата, а минатата зима од Манчестер Сити беше доведен за дури 55 милиони евра.
Караско на лето влегува во последната година од договорот со Атлетико Мадрид, а во исто време Барселона има посебна клаузула која може да го донесе за само 15 милиони евра, која беше поставена во договорот за трансфер на Мемфис Депај.
Сепак, Барса верува дека може да избегне секакво обештетување, па дури и да добие пари од Атлетико на оваа размена, бидејќи Феран Торес сепак има поголема вредност на пазарот и е многу помлад.