Top Sport

Тинејџерот влезе во историјата на Манчестер Јунајтед (Видео)

Мејсон Гринвуд две недели пред својот 18 роденден успеа да се запише во историјата на еден од најголемите фудбалски клубови во светот.

Младиот напаѓач во 73 минута на натпреварот против Астана, во Лига Европа, го постигна голот со кој „црвените ѓаволи“ победија 1-0.

Гринвуд е првиот играч роден во овој милениум што успеал да постигне гол за сениорскиот тим на Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top