Шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид со конткретни понуди истапиле пред напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино (31). Искусниот Бразилец неодамна ја објави својата одлука да го напушти „Енфилд“ ова лето, кога му истекува договорот со „црвените“.
Фирмино се уште не решил каде ќе ја продолжи кариерта, има понуди од Шпанија и Италија, а според англиските медиуми единствено е сигурно дека нема да остане во Премиер лигата. На тој начин Фирмино сака да ја покаже лојалноста кон Ливерпул чии бои ги бранеши во изминатите осум години.
Како што пренесува „Liverpool Eco“, Фирмино добил понуди од Барселона, Реал Мадрид и уште еден клуб од Саудиска Арабија. Изворот тврди дека сите три понуди се доста атрактивни за Бразилецот, кој оваа сезона на 33 натпревари во сите натпреварувања постигна 11 гола и додаде пет асистенции.
Пред неколку дена „Мирор“ објави дека Фирмино добил понуда и од американскиот Сент Луис. Како што се наведува и Интер ја следи ситуацијата околу искусниот напаѓач.