Top Sport

Барселона играше „викторија“, Алавес освои бод

Без победник, 1:1, заврши последниот натпревар од саботната програма во Ла Лига помеѓу Алавес и Барселона. Барселона на последните три натпревари во шпанскиот шампионат нема победа. Каталонците од шест одиграни натпревари имаат осум поени и се наоѓаат на 12 место на табелата. Лидерот Реал со натпревар повеќе има 16 поени, а Атлетико е втор со 14 и натпревар помалку од водечкиот тим во лигата.

Барселона имаше целосна доминација на теренот на Алваес, упатија 22 удари кон голот на одличниот Пачеко, но само Антоан Гризман успеа да го совлада голманот на Алавес. Пачеко се ситакна со шест бравурозни интервенции.

Барса не успеа да постигне повеќе од еден гол иако од 62 минута играа со фудбалер повеќе. Поради два жолти картони натпреварот пред време го заврши Хота.

Во првото полувреме, Риоха, во 31 минута ја искористи комичната реакција на голманот Нето и му донесе предност на Алавес.

Алавес претходно успеа да остане непоразен против Барселона на домашен терен во 2005 година.

Scroll to Top