„Овој преоден рок не престанува да не шокира“, пишува „Марка“, пренесувајќи ја ексклузивата на Каталонското радио. Овој извор објави дека доцна синоќа, Барселона испратила понуда за ѕвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс.
Атлетико Мадрид, го донесе Феликс како замена за Антоан Гризман. Неговиот трансфер од 126 милиони евра е најголем во клупската историја и четврти најголем во историјата на фудбалот.
Иако понудата е испратена, тешко е да се верува дека Атлетико ќе одговори позитивно. Барселона која се соочува со големи финансиски проблеми, го бара Феликс на едногодишна позајмица, без можност неговиот договор да биде откупен по завршувањето на сезоната.
Жоао Феликс, има учинок од 19 голови и осум асистенции на 76 одиграни натпревари за Атлетико. Младиот Португалец, поради операција го пропушта стартот на новата сезона.