Top Sport

Експресни победи за Медведев и Баутиста Агут

Данил Медведев и Роберто Баутиста Агут со убедливи победи го затворија првиот натпреварувачки ден на Ју-ес опен.

Вториот носител, Медведев, во три сета, го победи францускиот ветеран Ришар Гаске. Рускиот тенисер славеше со 6/4, 6/3, 6/1 и ја забележа 200 победа во кариерата.

Во второто коло Медведев за противник ќе го има Германецот Доминик Кепфер.

Роберто Баутиста Агут, 18 носител на турнирот, неочекувано лесно го победи Ник Кирјос. Шпанецот го доби мечот кој траеше еден час и 50 минути со 6/3, 6/4, 6/0.

Баутиста Агут во второто коло ќе игра против Емил Русувори.

Scroll to Top