Top Sport

Претседателот на Атлетико до новинарката: Не сакам да зборувам за пари со жени! (видео)

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо се најде во незгодна позиција откако на една шпанска новинарка и врати дека не сака да зборува за пари со жена, откако таа го праша дали имаат доволно средства за да му понудат нов договор на дефанзивецот Диего Годин.

„Да бидам искрен, не сакам да зборувам за пари бидејќи тоа е непристојно, а уште помалку со жена“, одговори Серезо на прашање на новинарката Кристина Гарсија Тирадо од ТВ-каналот „Куатро“ пред мечот на Атлетико со Бриж.

Самата Гарсија не беше навредена од коментарот, велејќи дека Серезо е „голема личност и вистински џентлмен“ и додавајќи дека тој секогаш се однесувал со почит кон неа и кон другите жени.

„Тоа беше несреќен момент од претседателот, но тој обично секогаш покажува почит кон мене. Мислам дека беше лапсус и дека не размисли добро“, изјави Гарсија.

Scroll to Top