Top Sport

Барселона ја губи „трката“ за Де Лихт

Барселона признаваат дека ја губат битката за потписот на капитенот на Ајакс, Матијс де Лихт, додека Пари Сен-Жермен и Баерн Минхен се во најдобра позиција за 19-годишниот дефанзивец, јавува „ЕСПН“.

Според изворите на „ЕСПН“ преговорите се „заглавени“ поради обновениот интерес на најголемите европски клубови, но и огромните финансиски барања на Де Лихт и неговиот агент, контроверзниот Мино Рајола.

„Не можеме да понудиме повеќе од тоа што веќе го понудивме. Едно е нашата желба да го добиеме фудбалерот, а друго е тоа што тој го сака“, вели изворот на „ЕСПН“.

Барселона веќе го купи неговиот соиграч Френки де Јонг за 75 милиони евра, и тие беа подготвени да исплатат толку на Ајакс за Де Лихт, но не успеале да се усогласат со Рајола, што дозволи Јувентус, ПСЖ и Баерн да ги отворат преговорите за подобра понуда.

Scroll to Top