Top Sport

Тим Волтер е нов тренер на Штутгарт

Тимот на Штутгарт го избра Тим Волтер (43) за тренер на тимот, а неговиот договор со клубот е со важност до 30 јуни 2021 година.

Волтер во минатата сезона беше на кормилото на Холштајн Кил во Бундеслига 2. Тој има искуство како тренер на младинскиот тим на Баерн Минхен.

Во Штутгарт доаѓа на местото на Нико Вилиг, кој во април годинава беше назначен за вршител на должноста во тимот.

Штутгарт првата Бундеслига ја заврши на 16. место и му претстои бараж против Унион Берлин за опстанок во најквалитетната германска лига.

Scroll to Top