Top Sport

Нови здравствени проблеми за Ники Лауда

Трикратниот Формула 1 шампион, Ники Лауда повторно е во болница за дијализа на бубрезите, откако минатата година беше на трансплантација на белите дробови.

70-годишниот Австриец, кој останува не-извршен директор на тимот на Мерцедес, по здравствените проблеми лани очекуваше да се врати во Ф1 боксот наскоро. Според австрискиот весник „Остерајх“, Лауда се наоѓа во приватна клиника во Швајцарија.

„Поради проблемите со бубрезите, мораше да биде префрлен од центарот за рехабилитација во приватна клиника за дијализа. Имаше добри и лоши недели“, вели братот на Лауда, Флоријан во интервју за весникот.

Scroll to Top