Top Sport

Кристијано спречи пораз на Јуве, Раџа го постигна голот на сезоната (Видео)

„Дерби дела Италија“ заврши без победник 1:1. По 34 коло Интер има 62 бода и е блиску до пласман во Лигата на шампионите.

Играчите на Интер доминираа во првиот дел, но постигнаа само еден гол. Раџа Наинголан, со мала помош на Војчех Шчешни, во седмата минута го постигна голот на сезоната во Серија А.

Иван Перишиќ во 58 минута пропушти изгледна шанса да ја зголеми предноста на Интер, а откако не успеа, казна стигна во 62 минута кога Кристијано Роналдо израмни со својот 20 гол во сезоната. Голот против Интер беше 600 во неговата клупска кариера.

Scroll to Top