Барселона мора да ослободи простор во буџетот за да ги регистрира сите фудбалери, а во план има да доведе и уште нови имиња. Поради тоа се очекуваат и заминувања до крајот на месецот.
Сигурно е заминувањето на Мемфис Депај, а големи шанси да го стори тоа има и Пјер-Емерик Обамејанг.
Габонецот е прекуброен по доаѓањето на Левандовски, а за него е заинтересиран Челси.
Каталонскиот клуб ја одреди цената што сака да ја заработи со неговата продажба. Барса сака да инкасира 25 милиони евра доколку Обамејанг се пресели на „Стемфорд бриџ“.