Top Sport

Барселона ќе направи уште еден обид за Жоао Кансело

Барселона ќе направи последен обид да го ангажира Жоао Кансело. Каталонците имаат намера да ги искористат парите од продажбата на Oсман Дембеле за да ги решат проблемите на позицијата десен бек.

Португалецот не би имал против да пристигне на „Камп Ноу“. Доколку оваа операција не успее, за Барселона останува опција „Б“, да го доведе Иван Фресенда од Валјадолид.

Кансело помина половина сезона во Баерн Минхен, а сега се врати во Манчестер Сити. Доколку преговорите меѓу двата клуба поминат позитивно, Гвардиола исто така не би имал ништо против да се раздели со Португалецот.

 

Scroll to Top